Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Путин и Асад повикаа на прекин на гранатирањата и раселувањето во Појасот Газа

 Мора веднаш да се прекине со гранатирањето на Појасот Газа и раселувањето на луѓето од оваа палестинска енклава, порачаа денеска во телефонски разговор рускиот претседател Владимир Путин и неговиот сириски колега Башар ал Асад, соопшти кабинетот на сирискиот претседател. 

Лидерите на двете земји ја истакнале потребата од итна испорака на хуманитарна помош за цивилите во Појасот Газа, пренесе Тасс. 

Двајцата лидери „ја истакнаа потребата да се запре гранатирањето и присилното раселување извршено од Израел против невините луѓе во Газа”. 

Претходно, сириското Министерство за надворешни работи ги повика САД и Западот да ја спречат „израелската окупација и принудното раселување на 2,3 милиони лица од Појасот Газа“.

Зачлени се на нашиот е-билтен