Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сарацин за Коридорот 8: Не може Скопје да ги менува транспортните приоритети на ЕУ

Специјалниот пратени на СР Германија за Западен Балкан Мануел Сарацин во интервју за Бугарското национално радио (БНР) што го пренесува бугарски „Труд”, ја коментираше најавата дека Северна Македонија ќе побара парите за Коридорот 8 да бидат пренаменети за Коридорот 10.

„Транспортните коридори во Европа се во надлежност на Брисел. Лично верувам дека не е во надлежност на една земја да ги менува европските приоритети во транспортната политика. Ова е долг и комплициран процес со многу различни договори. За време на моите разговори во Софија, разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје. Изградбата на Коридорот 8 секако е од стратешко значење“, вели Сарацин на оваа тема.

Дополнително, тој коментира дека европскиот транспортен коридор 8 е од стратешко значење за регионот зашто треба да ги поврзе италијанското пристаниште Бари и албанското Драч со Скопје, Софија и Црното Море, но според него, новата влада во Скопје неделава покажала оти изгубила интерес за негово спроведување и му дава проритет на Коридорот 10, кој ги поврзува Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Северна Македонија и Грција.

Сарацин во интервјуто за бугарското радио, како што премесува „труд“ не ги оправда очекувањата за за уставни измени како основен услов за продолжување на пристапните преговори со Европската Унија.

„За жал, нашите надежи за посветеност на Скопје за промена на Уставот на Република Северна Македонија не беа оправдани. Оваа промена е главниот услов на Советот на ЕУ од Преговарачката рамка за Скопје“.

Прашан за декларацијата на германскиот парламент, Бундестагот, во која за Република Северна Македонија се зборува како за дежава определена за членство во ЕУ како ниедна друга во регионот, Сарацин вели:

Тој вели дека декларацијата на Бундестагот имала за цел да биде мост преку кој ќе премине политичкото раководство на Република Северна Македонија, истовремено покажувајќи му на народот дека нема причина за загриженост за идентитетот, јазикот и културата и дека Германија е на нивна страна.

„Но, во исто време, тоа беше сигнал за Бугарија дека сме обединети во нашето верување дека бугарското население во Северна Македонија ќе биде вклучено во Уставот“, вели германскиот пратеник за Западен Балкан.

Тој смета дека се работи за убав и стабилен мост, но македонската страна, како што вели, сѐ уште не може да помине по него. Според Сарацин, Бугарија има многу можности преку својата посветеност на европската интеграција на Западен Балкан да заработи уште поголема почит од другите земји членки на ЕУ.

Најново