Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сергеј Самсоненко, неговата сопруга и Ратка Камчева, мајката на Орце, на Црната листа на САД

Денеска американската влада назначи поединци и субјекти поврзани со финансиската мрежа на Јордан „Орце“ Камчев, кој беше санкциониран од САД во јули 2023 година за корупција. Министерството за финансии на САД денеска воведе санкции за Сергеј Самсоненко, Ирина Самсоненко и Ратка Куноска Камчева (мајка на Орце Камчев и сопственик и основач на Орка Холдинг) за корупција и малигни активности во согласност со Извршните наредби 14033 и 14024, заедно со деловните субјекти што тие или Орце Камчев, како означени од САД ги поседуваат или контролираат.

Овие постапки илустрираат како одредени елити имаат корист од корупцијата и ги поткопуваат државните институции на сметка на граѓаните на оваа земја. Соединетите Држави ќе продолжат да бараат одговорност од корумпираните актери, а денешната објава е потсетник дека со кого соработувате може и ќе влијае на вас и на вашето семејство.

Сергеј Самсоненко е двоен државјанин на Русија и Северна Македонија и богат бизнисмен кој живее во Северна Македонија. Помеѓу 2017 и 2018 година, Самсоненко и неговата сопруга, Ирина Самсоненко, исто така двојна државјанка на Русија и Северна Македонија, купиле земја од СДН Јордан Камчев (САД го назначиле Камчев на 19 јули 2023 година во согласност со E.O. 14033 за одговорен за или соучесник во, или директно или индиректно ангажиран во, корупција поврзана со Западен Балкан). Оваа набавка на крајот го поттикна Самсоненко да сведочи пред судот во Северна Македонија за време на судскиот процес „Парцели на Водоно“ во кој и Камчев и неговата мајка Ратка Куноска Камчева беа обвинети за перење пари.

Во 2021 година, Сергеј Самсоненко извршил исплати на неговата сопруга Ирина. Во истиот рок, Ирина префрлила пари на Камчев Консалтинг Скопје ДООЕЛ (Камчев Консалтинг) и Орка Фајнанс Скопје ДООЕЛ (Орка Фајнанас); двете компании се поврзани со Камчева. Исто така, во истиот временски рок, парите што им беа префрлени на Камчев Консалтинг и Орка Фајнанас беа искористени за плаќање на заем поврзан со Орка Холдинг АД, компанија поврзана со Јордан Камчев ( основачи се таткото на Орце Камчев, Илија и неговата мајка Ратка). Дополнително, Самсоненко и Ирина ја купиле фирмата Систина Лајф Кеар Сентар Скопје ДООЕЛ, друг субјект вмешан во судскиот процес „Парцели на Водоно“, од Камчев и Камчева. Конечно, Бет Сити Интернационал ДОО Скопје (Бет Сити), спортска обложувалница, половина е во сопственост на Самсоненко, а половина сопственост на Орка Холдинг, чиј директор е Јордан Камчев.

Самсоненко, Ирина и Камчева се именувани согласно Е.О. 14033 за материјално помагање, спонзорирање или обезбедување финансиска, материјална или технолошка поддршка или стоки или услуги или за поддршка на Јордан Камчев, лице чиј имот и интереси во имот се блокирани согласно Е.О. 14033. Систина Лајф Кеар Сентар се определува согласно Е.О. 14033 за тоа што е во сопственост или контролирана од, или дејствувала или наводно дејствувала за или во име, директно или индиректно, Ирина, лице чиј имот и интереси во имотот се блокирани во согласност со Е.О. 14033.

Бет Сити е назначен во согласност со Е.О. 14033 затоа што се во сопственост или контролирани од, или дејствувале или наводно дејствувале за или во име, директно или индиректно, Самсоненко и Камчев, лица чиј имот и интереси во имот се блокирани согласно Е.О. 14033.

Орка Холдинг АД е конгломерат поврзан со Камчев кој работи во широк спектар на индустрии. „Орка Фајнанас“ и „Камчев Консалтинг“ се компании за консултантски услуги и деловни услуги во рамките на мрежата „Камчев“ и се во сопственост на Камчева.

Орка Холдинг се назначува согласно Е.О. 14033 затоа што е во сопственост или контролиран од, или дејствувал или наводно дејствувал за или во име, директно или индиректно, Камчев, лице чиј имот и интереси во имот се блокирани согласно Е.О. 14033. Орка Фајнанас и Камчев Консалтинг се определуваат согласно Е.О. 14033 дека е во сопственост или контролирана од, или дејствувал или наводно дејствувал за или во име, директно или индиректно, Камчева, лице чиј имот и интереси во имот се блокирани согласно Е.О. 14033.

Како што предходно објави Цивил Медиа, на 19 Јули 2023 година, Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) назначи едно лице, Јордан „Орце“ Камчев, корумпиран бизнисмен во Северна Македонија, во согласност со Извршната наредба (E.O.) 14033.

Назначувањето на Камчев на црната листа на САД ја нагласува континуираната посветеност на Соединетите Држави да промовираат одговорност за поединци и субјекти кои ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и друго дестабилизирачко однесување.

„ Камчев ја злоупотребил својата позиција, ангажирајќи се во коруптивни активности и спроведувајќи себична агенда на сметка на демократските институции и граѓаните на Северна Македонија“, рече потсекретарот на Министерството за финансии за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Е. Нелсон. „Трезорот останува посветен на повикување на одговорност на сторителите на корупција“, објавија тогаш од канцеларијата.

Народот во Северна Македонија заслужува подобро, се вели во соопштението на американското  Министерство за финансии.

Одлуката за проширување на црната листа на САД со поединци и субјекти поврзани со финансиската мрежа на Јордан „Орце“ Камчев, ја објави и американската амбасада во земјава, Анџела Агелер.

Повеќе информации за денешната акција на Владата на САД, во која се опфатени повеќе ентитети од земјите на Западен Балкан, може да погледнете во соопштението за печатот на Министерството за финансии на САД.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Зачлени се на нашиот е-билтен