Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сиљановска била свесна за обврските од меѓународните договори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за време на вчерашниот разговор со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин, посочила на „свесноста за обврските кои произлегуваат од меѓународните договори и истакна дека придаваме големо значење на одржувањето на добрососедските односи“. Но и дека граѓаните очекувале евроинтегративниот процес ќе биде евалуиран праведно, врз основа на Копенхашките критериуми.

Сиљановска му се заблагодарила на Сарацин за „принципиелната и гласна поддршка на германските власти на македонските евроинтеграции, за Резолуцијата на германскиот Бундестаг и нивниот севкупен ангажман преку Берлинскиот процес и изрази очекување за натамошна поддршка, потенцирајќи дека проширувањето на Унијата е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион.

На средбата се разговарало за билатералните односи меѓу двете земји, за процесот на македонските евроинтеграции, како и за актуелните состојби во регионот на Западен Балкан низ призма на европските перспективи, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Moже да ве интересира