Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спречен шверц на апарати за игри на среќа на царинската испостава Гевгелија

Девет апарати за игри на среќа, како и 405 делови за одржување, се запленети откако увозник се обидел да ги прошверцува помеѓу пријавена стока за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија.

Како што соопшти Царинската управа, апаратите заедно со деловите за одржување се откриени при детална контрола којашто е извршена од страна на Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги.

Против фирмата увозник на опрема за казина и автомат клубови се поднесени соодветни пријави заради прекршување на царинските регулативи.

Од Царинската управа велат дека во рамки на своите надлежности континуирано преземаат активности за спречување на шверц и сива економија.

Зачлени се на нашиот е-билтен