Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Среќен роденден, Џони!

На денешен ден во 1953. година, во Скопје е роден Бранимир Штулиќ – Џони, легендарен композитор, музичар, поет… Дете на офицер на тогашната ЈНА, Џони до неговата петта година живее во Скопје, а потоа се преселуваат во близината на Загреб.

Во почетокот на седумдесеттите години го формира бендот Balkan sevdah band, а во 1977. година ја формира култната, легендарна и единствена Азра.

Името на бендот Азра е одбрано кога во една прилика, на шанкот на загрепскиот Театар ИТД, Џони ги рецитира стиховите на Хајнрих Хајне – Азра. Стиховите преведени на српско-хрватски стануваат општо прифатена севдалинка.

Казуј робе, откуда си, из племена којега си?

Ја се зовем Ел Мухамед, из племена старих Азра,

што за љубав живот губе и умиру када љубе.

За време на својата кариера, скопјанецот Џони Штулиќ, испиша музичка историја и со децении беше веројатно највлијателниот рок музичар. Особено значаен е тројниот албум во живо „Равно до дна“ (октомври, 1981), кој е снимен за време на седум последовтелни концерти отсвирени во загрепскиот клуб „Кулушиќ“.

По тоа следува „Филигрански плочници“, двоен албум во кој се поизразени политичките коментари, како што е „Tko to tamo pijeva“, која е директно обраќање кон тогаш веќе починатиот Тито.

Дискографијата на Штулиќ е обемна и претставуваше задолжително четиво за повеќе генерации кои ги сведочеа последните денови и смртта на Авнојска Југославија.

Азра

Соло

Освен музика, Џони има објавено бројни авторски книги и преводи (главно од старогрчки јазик).

Живее во Холандија. Понекогаш е лут и пцуе. Како прав скопјанец.

Преземено од Редакција Трн

Зачлени се на нашиот е-билтен