Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Турција ќе воведе 5Г мрежа во 2026 година

Турција планира воведување на 5Г мобилна мрежа до 2026 година, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган по владина седница.

– Ќе организираме тендер за создавање на национална 5G комуникациска мрежа во 2025 година, со план да го добиеме првиот сигнал во 2026 година, изјави Ердоган.

Министерот за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралооглу, најави тестирање на 5G мрежи во Турција, соопштувајќи дека 30 организации веќе добиле дозволи за употреба, вклучувајќи го и Истанбулскиот аеродром.

Турција моментално има 87 милиони корисници на мобилни услуги, од кои речиси 81 милион користат 4,5G мрежа.

5G мрежата е најнова генерација на мобилна технологија која овозможува многу побрз интернет, подобра поврзаност и поддршка за напредни технологии како паметни уреди и автономни возила. 

Зачлени се на нашиот е-билтен