Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја обвини Русија дека ја поткопува стабилноста на Западен Балкан, каде земјите го избраа патот на европската интеграција. Таа го изјави ова на отворањето на безбедносниот форум во Блед, пренесува официјалната веб-страница на Комисијата.
Таа смета дека Русија не се помирила со фактот дека земјите од регионот сакаат да влезат во Европската унија и се стреми да ги оживее старите конфликти.
„Кремљ се обидува да ги оживее старите конфликти и исто така да сее раздор и во Западен Балкан и меѓу тој регион и остатокот од Европа“, рече Фон дер Лајен.
Претходно, Урсула фон дер Лајен ја обвини Русија дека ја затворила „славината за гас“ кон Европа непосредно пред почетокот на војната во Украина Според неа, Владимир Путин „го заменил просперитетот на сопствената земја“ за неговите империјални амбиции, а енергетските ресурси ги користи како адут.
Таа истакна дека стравот од прекини на струја во Европа не се остварил поради помошта на САД и зголемената понуда на ресурси. Европа сега има своја инфраструктура, смета Фон дер Лајен.