Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО Ердоган му удри шлаканица на момче кое не му бакна рака

Снимка, на која се гледа како турскиот претседател му удира шлаканица на малото момченце затоа што не му ја бакнува раката, предизвика бурни реакции во Турција.

Инцидентот се случил за време на церемонијата на доделување на домовите кои се обновени како дел од урбаната трансформација во северната провинција Ризе.

По говорот, Ердоган им ги предаде клучевите од куќите на сопствениците.

Две деца од едно семејство излегоа на сцената, а Ердоган им ја подаде раката за да му ја бакнат.

Откако момчето збунето не го послуша Ердоган, тој му удри шлаканица, а луѓето што стојат околу него му посочиле што треба да направи, по што се согласило да ја бакне раката на турскиот претседател, кој потоа му дал џепарлак.

Ова не е првпат Ердоган да биде снимен како „казнува“ деца.

Во една прилика удри момче кое побара од турскиот претседател да му се потпише на дресот. Друг пат, за време на отворањето на тунелот Саларха, Ердоган исто така беше снимен како удира момче по глава.

Минатата година и тој јавно му удри шлаканица на внукот, но подоцна изјави дека го „милувал“.

Најново