Пожар во амбасадата на Пакистан во Белград избувна утрово во населбата Дедиње, при што густ чад се издигал од горниот дел на објектот, а на терен излегле пожарникарско-спасувачки екипи.
Според првичните информации што ги објавија српските медиуми, огнот зафатил дел од покривот и последниот кат на зградата. На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа чад што излегува од дипломатското претставништво.
Причината за пожарот засега не е официјално соопштена. Во првите извештаи немаше потврдени информации за повредени лица, ниту за обемот на материјалната штета.
Српските медиуми подоцна јавија дека пожарот бил изгаснат со интервенција на противпожарните екипи, повикувајќи се на извештај од терен. Се очекуваат дополнителни информации по увидот на надлежните служби.
