Во блисина на крстосницата на булеварите „Србија“ и „Трета македонска бригада“, во населбата Лисиче, вечерва е забележано зголемено присуство на полицијата, сообраќај во застој и присуство на неколку полициски автомобили со вклучена ротација.
Неофицијално станува збор за акција со апсења, но повеќе детали се очекуваат од МВР.