Огромно мнозинство од граѓаните на швајцарскиот кантон Женева ја поддржаа забраната на симболи на омраза, особено на нацистичките симболи, на јавни места, покажуваат првите резултати од денешното гласање за ова прашање, пренесува Бета.
Околу 85 отсто од граѓаните ја одобриле забраната за „покажување или носење“ симболи на омраза на јавни места.
Ваквата забрана веќе е предмет на дебата на федерално ниво, врз основа на предлогот за кој гласаа швајцарските пратеници во април.
Ова ја обврзува владата да создаде правна основа преку посебен закон со кој се регулира забраната за јавна употреба и ширење на нацистички симболи или варијации на тие симболи.
Женева стана првиот кантон во Швајцарија кој гласаше за забрана на симболите на омраза, а по гласањето во сите кантони, за законот ќе се одлучува на федерално ниво.