Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Еден загинат во експлозија на „Тесла“ пред хотелот на Трамп во Лас Вегас

Најмалку едно лице загина, а седум се поврдени  во експлозија на електричен автомобил  „Cybertruck“  на компанијата „Тесла“, на најбогатиот човек на светот, Илон Маск,  што бил паркиран пред хотелот на новиот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас, во сојузната ндржава Невада.

Шерифот од Лас Вегас, Кевин Мекмахил, на прес конференција изјави дека пожарот на возилото бил пријавен во 8:40 часот по локално време. Екипите за итни случаи пристигнаа на местото на настанот и го затекнале возилото „Cybertruck“ од 2024 година целосно зафатено со пламен. 

-Во „Cybertruck-от“ затекнавме починато лице, но во моментов не знаеме дали е машко или женско, рече Мекмахил.  

Според шерифот, во експлозијата со „лесни“ повреди се здобиле уште седум лица. 
 Џереми Шварц, вршител на должноста специјален агент на ФБИ во Лас Вегас, потврди дека и неговиот тим е вклучен во истрагата. 

Според извори запознаени со истрагата, возилото било изнајмено преку компанијата за изнајмување автомобили Туро.   

Надзорните камери го снимиле возачот додека возел крај хотелот „Трамп“ во Лас Вегас околу еден час пред експлозијата, а потоа се врти и застанува пред хотелот, каде што возилото експлодирало неколку секунди подоцна, изјави официјален претставник за Си-Ен-Ен. 

Зачлени се на нашиот е-билтен