Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фредериксен до Трамп: Гренланд ќе си одлучи за независноста

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска изјави дека телефонски разговарала со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и му рекла дека Гренланд треба да одлучи за независноста.

„Премиерката во разговорот се осврна на изјавите на претседателот на Парламентот на Гренланд, Муте Б. Егеде, дека Гренланд не е на продажба“, се вели во соопштението од канцеларијата на Фредериксен.

Таа истакнала истакна дека на „самиот Гренланд е да донесе одлука за независност“, се вели во соопштението.

Зачлени се на нашиот е-билтен