Заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, вечерва го повика премиерот Христијан Мицкоски да и даде отчет на јавноста за посетата на САД.
„Граѓаните и државата треба и мора да добијат информации кои се тие официјални средби што премиерот ги имаше во Вашингтон, што се разговараше на нив, која е таа поддршка и помош на којашто можеме да сметаме, кој е бенефитот за граѓаните и за државата“, рече, таа во вечершното интервју во емисијата „360 степени“.
Во интервјуто Каранфилова Пановска потенцираше дека ако премиерот Мицкоски по трет пат оди во Вашингтон и ако се претставува дека е прв што го запоседнал теренот пред другите, Владата е должна да им објасни на граѓаните за што е запоседнат теренот.
„Апсолутно ми е нејасно што сака премиерот да каже со тоа дека запоседнува некаков терен. Кој тоа терен го запоседнува? Дали е тоа терен кој го запоседнува во име на државата. Ако е така, кои се државните ставови по однос на запоседнување на теренот? Што значи тоа се редиме први во редот? За што се редиме?Добро е што премиерот оди во САД, но прашањето е со кого тој се сретна таму на државно ниво? Кои се резултатите од тие средби, кој е бенефитот за граѓаните и за државата, а во контекст на помошта што најмногу ни треба во моментов од САД, а тоа е за деблокирање на евроинтеграцискиот процес. Дали нешто се разговара на тема дали може САД на некој начин да ни помогне во дијалогот со Софија? Нашето прашање е што оттаму назад донесе премиерот Мицкоски за граѓаните и за државата?, истакна Каранфиловска Пановска.
Каранфилова Пановска посочи дека се неосновани обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ дека СДСМ го менува прозападниот курс и се дистанцира стратешките партнери.
„Токму ВМРО ДПМНЕ и за време на потпишувањето на Преспанскиот договор и за време на зачленувањето на Северна Македонија во НАТО беа тие коишто беа најгласни и се противеа и на Преспанскиот договор и на членството во НАТО. Бевме прогласувани, сите ние коишто бевме за таа опција, како предавници на оваа држава. Така што СДСМ покажал и докажал дека во САД гледа свој стратешки партнер“, порача заменичката претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, при гостувањето во емисијата „360 степни“.