На идеолошки усогласениот состанок во Белата куќа, италијанската премиерка Џорџа Мелони му рече на американскиот претседател Доналд Трамп дека нејзината цел – и заедничката визија меѓу Европа и САД – е „да го направи Западот повторно голем“.
Изјавата, дадена за време на прес-конференција во Овалната соба, го повтори слоганот на Трамп и го подвлече обновеното чувство на единство меѓу двајцата лидери, кои се залагаат за националистички и конзервативни агенди.
„Знам дека кога зборувам за Запад, не мислам на географски простор. Јас зборувам за цивилизација“, рече Мелони. „И јас сакам да ја направам таа цивилизација посилна“.
Мелони објави дека претседателот Трамп ја прифатил нејзината поканата за официјална посета на Рим, нагласувајќи дека неговото патување би симболизирало не само зајакнување на врските помеѓу САД и Италија, туку би било и поширока порака за Европа.
„Оваа посета не е само за Италија, туку и за цела Европа“, истакна таа.
Мелони ја искористи платформата за да ги промовира достигнувањата на нејзината влада, истакнувајќи ја стабилноста, економските подобрувања и создавањето работни места во Италија.
„Горда сум што седам овде како премиерка на Италија која денес има многу добра ситуација – стабилна земја, сигурна земја“, рече таа, свртувајќи се кон Трамп со насмевка: „Прости ми ако ја промовирам мојата земја, но ти си бизнисмен и ме разбираш“.
Двајцата лидери се осврнаа и на војната во Украина. „Заедно ја браневме слободата на Украина, заедно можеме да донесеме траен мир“, рече Мелони. На прашањето за предлогот за прекин на огнот, претседателот Трамп рече дека очекува да слушне предлози од Русија оваа недела и додаде: „Сакам убистваата да престанат“.
При појаснувањето на претходните забелешки, Трамп рече дека не го смета украинскиот претседател Володимир Зеленски за одговорен за војната, но коментираше: „Не сум задоволен со него… Не би рекол дека добро ја заврши работата“. Тој го повтори својот став дека војната немало да започне доколку тој беше на функцијата во 2022 година.
За трошоците за одбраната, Мелони потврди дека прашањето било разговарано, усогласувајќи се со долгогодишниот притисок на Трамп сојузниците во НАТО да ги исполнат своите обврски.
Трамп, исто така, го пофали цврстиот став на Мелони за имиграцијата, велејќи дека сака повеќе европски лидери да ги споделат нејзините ставови. „Се надевам дека Европа повторно ќе биде одлична“, додаде Трамп.