Шведска, Норвешка, Литванија и Финска размислуваат за заедничка набавка на борбени возила

Шведска, Литванија, Норвешка и Финска размислуваат за координирано купување на стотици борбени возила на пешадија CV90 произведени од BAE Systems, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Четирите земји сега подготвуваат изјава за намера да соработуваат за купување воени возила, рече Кристерсон на заедничката прес-конференција со неговиот литвански колега Гинтаутас Палукас.

Земјите во нордиските и балтичките региони, од кои пет граничат со Русија, нагло ги зголемуваат трошоците за одбрана како одговор на руската инвазија на Украина и барањата на САД европските членки на НАТО да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност.

-Сè уште не сме ги донеле сите одлуки, рече Кристерсон, но нагласи и дека колку побрзо се носат одлуките, толку побрзо ќе се реализира набавката. „Станува збор за најмалку неколку стотици возила и тие се прилично скапи“, додаде тој.

Моделот CV90 го произведува шведската филијала на британската BAE Systems, најголемата одбранбена компанија во Европа. 

Зачлени се на нашиот е-билтен