Европскиот парламент ја слави годишнината од најголемото проширување: Честитки до 10 земји

Европскиот парламент денес објави дека ја слави 21-годишнината од најголемото проширување на Европската Унија, кога истовремено ѝ се придружија 10 земји.

„Денес ја славиме годишнината од најголемото проширување кога 10 земји се приклучија на Европската Унија на 1 мај 2004 година“, напиша Европскиот парламент во објава на мрежата X.

Честитката е испратена до Кипар, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка и Словенија.

Зачлени се на нашиот е-билтен