Ерупција на вулканот Етна

По уривањето на дел од кратерот на Етна, вулканот почна да исфрла лава и пепел, а туристите избегаа.

Облак од пепел се издига го 6,5 километри во висина, но лавата се задржува на падините на вулканот.

Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) издаде црвен аларм за воздушен сообраќај поради облакот што се издига над вулканот.

Етна е највисокиот активен вулкан (3324 метри) во континентална Европа. И покрај честите ерупции во текот на изминатите 500.000 години, Етна е една од главните туристички атракции на Сицилија.

Зачлени се на нашиот е-билтен