Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев: Вознемирувачко е тврдењето на Мицкоски дека неговата влада однапред ја знае содржината на ивештајот

На барање на групата ЕПП, поддржана од сите бугарски европратеници, известувачот Томас Вајц побара и доби одложување на гласањето во Комисијата за надворешни работи на ЕП за годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија, напиша на својот фб европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев.

Во своето писмо до своите колеги, бугарските европратеници изразуваат сомневање за интегритетот на извештајот и известуваат за неправилности, вклучително и неовластено и предвремено протекување на внатрешни парламентарни информации, клучните елементи на нацрт-документот и компромисните амандмани на функционерите во Скопје.

„Пример е изјавата на премиерот на Северна Македонија, Кристијан Мицковски, на 1 јуни, дека однапред многу детално бил запознаен со извештајот. Тој тврди дека во финалната верзија на извештајот нема да бидат усвоени конкретни предлози од европратениците. Ова се однесува, на пример, на барањето да се вметне зборот „сегашен“ кога се споменува „македонски јазик и идентитет“, што би го усогласило текстот со европскиот компромис од 2022 година. Барањето е од известувачот во сенка Ивајло Валчев и е испратено само до известувачите во сенка, советниците кои работат на досието и до секретаријатот за надворешни работи на Република Македонија (ЕТ2), но подоцна, на секретаријатот за надворешни работи на АФ. За барањето бил информиран министерот Мицкоски“, напиша Ковачев на својот фб профил.

Според Ковачев, ознемирувачки е и тврдењето на Мицкоски дека неговата влада работела на овој извештај 11 месеци заедно со известувачот за да дојде до таков позитивен резултат за нив.

„Овие откритија, направени пред завршувањето на преговорите меѓу известувачите во сенка, укажуваат на континуирано и структурирано истекување на информации или, уште полошо, на нарушување на безбедноста на серверите на ЕП и е-поштата на персоналот од страна на трети земји. Важното прашање е дали трета земја предвидела, обликувала или дури коавторство ги одразува критичките формулации на Европскиот парламент во извештајот?“ пишуваат во своето писмо бугарските европратеници.

Покрај одложувањето на гласањето за извештајот во Комисијата за надворешни работи и на пленарната седница, европратениците инсистираат Парламентот да спроведе внатрешна истрага за можно прекршување на внатрешните процедури со цел да се утврди изворот и обемот на истекувањето. Европратениците исто така инсистираат периодот на одложување да се искористи за повторно преговарање за спорните текстови.

Зачлени се на нашиот е-билтен