Известувачот Томас Вајц: Станав цел на закани од Бугарија, затоа што одбив да се повинувам на притисокот од Софија околу извештајот за напредокот на Македонија

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, се пожали дека станал цел на закани од Бугарија, затоа што одбил да се повинува на притисокот од Софија околу извештајот за напредокот на нашата заемја. За тој извештај беа поднесени четири амандамни со кои се нагласува македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

Тој за „Политико“ изјави дека за него е стандардна практика да се среќава со претставници од од земјата кандидат за која се пишува извештајот (Македонија), а не политичари од соседите (Бугарија).

Бугарските политичари извршија притисок врз Европскиот парламент да го одложи извештајот за напредокот и пристапувањето на Македонија во Европската унија, обвинувајќи го пратеникот задолжен за извештајот дека е премногу близок до земјата кандидат.

И покрај договорот меѓу главните политички семејства за усвојување на извештај за напредокот што го постигна Македонија на патот кон пристапување во ЕУ, пратениците во средата го одложија гласањето до крајот на јуни.

Сите 17 претставници на Бугарија во Европскиот парламент потпишаа писмо, во кое умал увид „Политико“, во кое го осудуваат известувачот Томас Вајц, пратеник на Зелените од Австрија. Тие велат дека владата на Македонија претерано влијаела врз неговото водење на преговорите и дека тој го игнорирал насилството врз бугарското малцинство таму.

Од своја страна, Вајц рече дека е цел затоа што не попуштил на бугарскиот притисок.

Бугарија го искористи своето право на вето за да ги запре преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ неколку пати, барајќи уставни и образовни реформи како услови за напредок.

„Политико“ пишува дека обвинувањата започнале откако известувачот возврати кога бугарските европратеници се обидоа да го ублажат признавањето на посебен македонски идентитет во Македонија од страна на Парламентот, рече Вајц.

Проблемот ескалираше брзо во Софија, а официјалните лица инсистираа извештајот целосно да се отфрли.

Бугарскиот премиер ја повика претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, во периодот пред гласањето, за да се обиде да изнуди одложување, според тројца парламентарни помошници на кои им беше дадена анонимност за слободно да зборуваат. Портпаролот на Мецола и бугарската влада не одговорија на барањето да потврдат дека се случил таков телефонски повик.

Извештајот, кој не беше гласан – договорен од четирите главни политички групи во парламентот и виден од „Политико“ – всушност вклучуваше споменувања за потребата од заштита на бугарското малцинство во Македонија од говор на омраза и злосторства од омраза.

Бугарски владини претставници и членови на Европскиот парламент го обвинија Вајц дека ги прикрива лобистичките состаноци со македонските претставници, тврдејќи дека ги фаворизира барањата на Северна Македонија, додека им протекува доверливи информации и го игнорира бугарскиот придонес.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев рече дека писмото е напишано како одговор на изјавите на премиерот на Македонија „кој во неколку последователни изјави самиот признава дека соработувал со известувачот во последните месеци“.

Канцеларијата на Вајц негира каква било конкретна соработка со македонската влада, иако призна дека тој доцнел да ги наведе состаноците според доброволното 30-дневно правило на парламентот. Тој бил подготвен да ги наведе пред крајот на преговорите, соопшти канцеларијата.

Вајц изјави за „Политико“дека е стандардно да се среќаваат претставници од земјата за која се однесува извештајот, а не од нејзиниот сосед.

Бугарските политичари прават сè што можат за да го побијат извештајот, рече Вајц, „вклучувајќи кампањи за клевета, лажни обвинувања за корупција, лажни обвинувања за пристрасност“.

Тој му покажа на „Политико“ неколку заканувачки пораки што ги добил откако неговиот телефонски број беше објавен на бугарските екстремно десничарски профили на социјалните мрежи.

Клеветничките кампањи, рече тој, се обидуваат „да го забават процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ“.

Ковачев рече: „Сакаме добрососедски односи, сакаме [Северна Македонија] да не губи повеќе време… и веднаш да ги започне преговорите за членство [во ЕУ]“, пренесува „Политико“.

Прашање е дали воопшто ќе се гласа за извештајот на вајц на 24 јуни.

Интересно е што под бугарскиот притисок најголемата пратеничка група во парламентопт, Европската народна партија (каде ВМРО-ДПМНЕ е член) ја повлеќе согласноста за извештајот и амандманите да се расправа во Комитетот за надворешни работи. Премиерот Христијан Мицкоски побара од СДСМ и ЛДП да лобираат во нивните евроски групи. Тие тоа успешно го направија, додека политичката група на Европската народна партија ја откажа поддршката за владата на ВМРО-ДПМНЕ, што е непријатен момент за македонската владејачка партија.

Андреј Ковачев е влијателна личност во парламентарната група на ЕПП. Тој е еден од петтемина квестори на Европскиот парламент кои ги надгледауваат административните и финансиските работи на европските пратеници. 

Зачлени се на нашиот е-билтен