Муцунски: Поновите земји членки сведочат за трансформативната моќ што ја овозможува членството во ЕУ

Министерот за надворешни работи и меѓународна трговија Тимчо Муцунски на дебатата „Премостување на јазот во довербара во приближувањето на Западен Балкан во евроинтеграциитте“, во организација на Атлантскиот совет говореше за значењето за полесниот пристап до европските институции во области како што се истражување, бизнис, невладини сектори.

„Ако немаме лесен пристап, тогаш не можеме да видиме зошто ги сакаме овие европски вредности. Најдобриот начин да ги видите е всушност да отидете во Европската Унија и да ја видите трансформативната промена што ја има членството, особено во поновите земји-членки“, истакна Муцунски.

За да го поткрепи овој аспект тој укажа на искуството од посетата на Загреб, Хрватска, заедно со премиерот  Мицкоски, кога ја осведочиле „трансформативна промена што билана правена во музеј во Загреб, кој беше совршен, многу убав, многу добро организиран, одржуван и го цитираше директорот на тој музеј. Инаку Хрватска вчера прослави 12 години од членството во унијата, период во кој во земјата се слејаа преку 16 милијарди евра од структурните фондови на ЕУ

„Ако не беше Европската Унија, овој Музеј немаше да го има. Има капацитет каков што има во моментов благодарение на средствата што доаѓаат од различни области. Знаете, кога гледаме реформи во ЕУ, секогаш сме фокусирани на владеењето на правото, јавната администрација, добрите влади. Но, има толку многу други аспекти што треба да ги опфатиме“ рече Муцунски на панелот „Премостување на јазот во довербара во приближувањето на Западен Балкан во евроинтеграциите“, во организација на Атлантскиот совет кој се одржа на маргините на Лидерскиот состанок Западен Балкан/ЕУ во Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен