Израелските напади врз Газа убија речиси 30 лица

Израелски напади убија речиси 30 Палестинци во Појасот Газа во текот на изминатите 24 часа, објави ДПА, повикувајќи се на локалните власти контролирани од радикалната палестинска група Хамас, која е во војна со Израел. Десетици лица се повредени, соопшти агенцијата.

Во најновиот голем напад синоќа, најмалку 10 лица беа убиени, а повеќе од 50 беа повредени, соопшти персоналот во болницата Наср во јужниот град Кан Јунис.

Шесте жртви се членови на едно семејство. Беше погоден шаторски камп за внатрешно раселени жители на енклавата во областа Ал-Маваси, во близина на Кан Јунис.

Претходно вчера, најмалку 17 лица беа убиени во напад во областа Зејтун во истоимениот главен град во Појасот Газа.

Зачлени се на нашиот е-билтен