[Фото] Српската жандармерија доцна синоќа употреби физичка сила врз студенти пред Правниот факултет во Белград, тепаше и апсеше

Фотографија на Нова.рс
Фотографија на Нова.рс

Вчера полицијата интервенираше пред Правниот факултет во Белград, со цел да ги пробие сообраќајните блокади, а неколку граѓани и студенти беа приведени и повредени. Полицијата повторно употреби сила врз мирни граѓани, за што сведочат драматичните фотографии направени од фоторепортерот Нова.рс.

Пред Правниот факултет во Белград вчера имаше насилна акција од страна на полицијата, која сакаше да ја пробие сообраќајната блокада. На улицата беа изнесени полициски кордони, полициски комбиња, а полицијата повторно употреби сила врз мирни граѓани и студенти.

Десетици студенти и граѓани беа уапсени во полициската интервенција.

Студентите ја блокираа улицата и одеднаш полицијата дојде со возила, се нафрли врз нив и почна да ги тепа.

Протести синоќа и вчера имаше и во Ниш, Нови Сад, Крагуевац, Заечар и други градови во Србија.

На 1 јули, студентите повикаа на прекин на работата сe додека не се исполнат нивните барања – предвремени парламентарни избори, и отстранување на шаторите поставени пред 3 месеци во центарот на Белград во Пионирски парк и не се ослободат сите уапсени студенти.

На Видовден, 28 јуни, во Белград се одржа голем протест организиран од студентите во блокада на кој беше поставен ултиматум до владата да му предложи на претседателот да издаде указ за предвремени парламентарни избори.

 Канцеларијата на ОН за човекови права синоќа објави дека внимателно ја следат ситуацијата во врска со протестите во Србија, и ги повикаа властите да ја почитуваат слободата на изразување и собирање.
„Внимателно ја следиме ситуацијата бидејќи имаше извештаи за насилство, малтретирање и произволни апсења на демонстранти“, објави канцеларијата преку социјалната мрежа X и ги повика властите во Белград да „се воздржат и да ја почитуваат слободата на изразување и мирното собирање“.

Во краткото соопштение се наведува и: „Повикуваме на спроведување мерки за градење доверба за да се отвори патот за обновување на општествениот договор“.

Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, за време на неговата посета на Белград кон крајот на мај оваа година, рече дека забележал „длабока поларизација и поделба во општеството“ во Србија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен