[Видео] Ангелов: Пожарот во Трубарево е под целосна контрола

Ангелов: Пожарот во Трубарево е под целосна контрола

Пожарот во Трубарево е под целосна контрола, информира утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Нема активно горење но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостанува да се дозатрупа уште дел од опожарената површина“, вели Ангелов.

Се’ уште има чадење. Делот каде што биле складирани литиумските батерии е покриен со песок, а пожарникарите се на терен и постојано го навлажнуваат песокот за да се намали чадењето и да се спречи разгорување на пожар.

Зачлени се на нашиот е-билтен