Македонија е веќе опасно место за живеење. Ова што се случува е срам за една држава и една власт која тоне во хаос поради неспособност и рамнодушност.
Над 500 илјади жители на Скопје и околината се во опасност и здравствен ризик поради отровен чад од пожарите во Трубарево, Дрисла и Вардариште а власта се крие зад измислени приказни за хибриден напад.
На Скопје му се случува еколошка катастрофа а неспособноста власт нема ниту капацитет ниту знаење да се справи со состојбите.
ВМРО-токсична создаде хаос кој граѓаните го плаќаат со најскапото нешто, нивното здравје.Скопјани се трујат со канцерогени материи ниту една институција не реагираше навреме, власта, институциите, закаснија со реакциите.
Додека граѓаните вдишуваа загаден воздух, на власта поважно и беше да ја обвинува опозицијата наместо да реагира веднаш и соодветно.
СДСМ и претседателот Филипче беа првите кои реагираа и дадоа препораки до граѓаните да се заштитат.