Скопје меѓу најпотценетите дестинации за 2026 според „Тајмаут“

Уредничката за патувања во магазинот, Грејс Берд, издвоила 33 дестинации за кои смета дека заслужуваат да бидат вклучени во оваа листа. Меѓу нив, освен Скопје, се најдоа и Сребреник (Босна и Херцеговина), полуостровот Оса (Костарика), Кари ле Руе (Франција), Тиога Пас (Калифорнија), Филандија (Колумбија), Ишикава (Јапонија), Флам (Норвешка), Њукасл (Австралија) и многу други.

– Патниците бараат постудени клими и прифаќаат побавно патување, оставајќи простор за откривање нови места. Многумина се држат до трендот на „дупликат дестинации“, каде што местата со многу туристи се заменуваат со помалку познати, поевтини, но еднакво атрактивни алтернативи – наведува магазинот.

За Скопје, магазинот пишува дека е град што го комбинира историски шарм со архитектурата која потсетува на забавен парк, споредувајќи го со атмосферата на Лас Вегас. Скопје се нарекува „Лас Вегас на Балканот“ поради своите грандиозни споменици и неокласични згради, особено во централните делови на градот и во реконструкциите по земјотресот во 1963 година.

Како туристички атракции се истакнуваат Старата чаршија, кањонот Матка, архитектурата, спомениците и фонтаните.

Зачлени се на нашиот е-билтен