Герила акција во Струга: Пароли за воздухот и водата проектирани на општинската зграда

Струга вчера беше сведок на герила акција организирана од група граѓани загрижени за загадувањето на воздухот и проблемите со квалитетот на водата.

На ѕидовите на општинската зграда беа проектирани силни пароли со кои се бара одговорност од локалните власти и преземање итни мерки за заштита на животната средина.

Со ваквиот потег, активистите сакаа да привлечат внимание кон игнорирањето на долгогодишните проблеми што ја загрозуваат здравствената состојба на жителите на градот.

Зачлени се на нашиот е-билтен