Меѓу десетте најдобри ски – одморалишта во Европа има е еден и од Македонија. Листата е составена врз база на пристапноста на хотелите, евтините ски-карти и патеки идеални за почетници и професионалци
Ново истражување откри кои ски-дестинации во Европа се најдобри.

Анкетата, спроведена од осигурителна компанија за скијачки спортови, вклучуваше осум критериуми за добари ски-одморалишта: вкупна дневна цена на ски-картичката, просечна оценка, број на лифтови, најголема надморска височина, должина на патеките, просечна цена на хотелот и број на хотели во радиус од 10 километри.
Просечната оценка со ѕвездички и цената на хотелите во близина имаа најголема тежина во оценката. Ски-одморалиштата беа оценети до 80 поени, а просечната оценка беше 52,9.
- Алеко – Витоша, Бугарија
Одморалиштето Алеко беше прогласено за најдобро за скијачки авантури. Освои 74,2 поени од можни 80 благодарение на лесната пристапност, дури 197 хотели во близина, висинската разлика помеѓу горниот и долниот дел од патеката од 740 метри и прифатливата цена на дневна карта од 26 евра.
- Страја – Романија
На второ место е одморалиштето Страја во округот Хунедоара, со 72 поени. Дневна карта за возрасни чини околу 25 евра, а висинската разлика е 738 метри. Дури 69 проценти од посетителите ги оценуваат патеките како „средно тешки“.
- Равна планина – Босна и Херцеговина
Третото место го зазеде Равна планина со 71,8 поени. Оваа дестинација е омилена кај почетниците, бидејќи 86 проценти од патеките спаѓаат во категоријата „лесни“. Дневна ски карта чини само 15 евра, што ја прави прифатлив избор.

- Торник – Златибор, Србија
На четвртото место е Торник — Златибор со резултат од 71,5. Просечната неделна цена за сместување во еден од 45-те блиски хотели е околу 950 евра. Висинската разлика е 380 метри, а патеките се оценети како „лесни“ (23 проценти) и „средно тешки“ (60 проценти).
- Колашин 1450 и 1600 – Црна Гора
Петтото место го заземаат Колашин 1450 и Колашин 1600, со вкупно 70,1 поен. Одморалиштето има седум лифтови, просечна хотелска цена од 650 евра и дневна ски-карта од 25 евра.
- Банско – Бугарија
Банско е на шестото место, со 69,8 поени. Со 59 проценти лесни патеки, идеален е за почетници. Просечна оценка од 4,2 ѕвездички покажува колку е популарен кај туристите.
- Мали Игман – Босна и Херцеговина
На седмото место е Мали Игман, со 68,9 поени. Дневна карта за возрасни чини 21 евро, а 50 проценти од патеките се оценети со „средна тежина“, што го прави одличен избор за поискусните скијачи.
- Sejuz 2000 – Gap, Франција
Осмото место го зазема Céüze 2000 (Céüze 2000) во градот Гап, со 68,1 поени. Цената на сместување во еден од 86-те блиски хотели е во просек 650 евра, додека дневна карта чини 19 евра.
- Маврово – Заре Лазарески, Македонија
Деветтото место му припадна на македонското одморалиште Маврово — Заре Лазарески, со 67,7 поени. Висинската разлика е 623 метри, а 42 проценти од посетителите ги оценуваат патеките како „средно тешки“.
- Алп ди Гран Сер – Франција
Алп ди Гран-Сер во Ла Морт е на десеттото место, со 67,7 поени. Најпогоден е за почетници. Дури 65 проценти од патеките се оценети како „лесни“.