СДСМ: Македонија се крена против корупцијата, 47 пријави на платофрмата МИЦКО за еден ден

СДСМ

„За само еден ден дури 47 различни пријави на платформата МИЦКО за пријавување корупција. Македонија се крена против корупцијата. Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и документи на нашата дигитална платформа за борба против корупција и криминал, МИЦКО“ рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.

Кузеска посочи дека досега пријави има од различни општини, од Охрид, од Штип а има и некои многу интересни информации за Скопје.

„Сите овие информации, документи, докази, ќе бидат анализирани, документирани и ќе ја информираме јавноста за секој можен случај. Заедно сме во оваа борба против корупцијата и криминалот на власта“, потенцираше Кузеска.

Зачлени се на нашиот е-билтен