Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во недела Чесите избираат меѓу корумпираниот досегашен претседател Бабиш и про-западно ориентираниот Павел

Викендов во Чешка се одржува вториот круг на претседателските избори. За  тоа кој ке седне во  претседателската  палата,  борбата ќе се води  меѓу поранешниот премиер Андреј Бабиш и пензионираниот  генерал Петр Павел, кој што моментално води во анкетите.

За претседателскиот кандидат Бабиш, домашната јавност   в многу знае. Тој е еден од најбогатите луге во земјата, а неговото име е поврзано со низа корупциски афери, кои што тој ги негира.

Но кој е поранешниот генерал Павел?

Петр Павел својата кариера ја почнал во  80-те години од  минатиот век, како член на Комунистичката партија на некогашната Чехословачка република, исто како и  неговиот  против кандидат Бабиш. Поради сличните кариери на Бабиш и на Павел, кај некои гласачи се изгуби надежта       еден ден да доживеат новиот шеф на држвата да не биде   оптоварен со минатото.

Павел во 90 години учествувал, во силите на УНПРОФОР на подрачјето на боиштата на Хрватска, а потоа заминува во Босна и Херцеговина учествувајќи во мировната мисија на ОН. Својата кариера ја продожи во Чешка во воената разузнавачка служба, а се пензионирал со чинот командант на специјалните сили.

Зачлени се на нашиот е-билтен