Наместо луксуз со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата, бара СДСМ

СДСМ

Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај а власта сѐ луксузира врз грбот на народот, велат од СДСМ од каде додаваат дека според последните податоци, синдикалната кошничка во февруари достигна 67.400 денари. 

„На едно четиричлено семејство не му се доволни ниту 3 минимални плати месечно за да ги покрие основните потреби. Над 200 илјади работници земаат плата под 30.000 денари.

Со сегашното ниско ниво на минимална плата не можат да се покријат трошоците за основни потреби, храната, сметки. Тешкото секојдневие, високите сметки и поскапувањата ги доведоа работничките семејства на раб.

И додека граѓаните се борат за корка леб, премиерот Христијан Мицкоски се луксузира на сметка на народот – со владини авиони, со скапи часовници од 60 илјади евра.

Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници.

Нема повеќе оправдувања дека „нема пари”. Имало пари за нов авион, за мебел, за уредување кабинети, за службени автомобили. Нека направат ребаланс на Буџетот и нека ги пренаменат парите за плати“ се наведува во соопштението од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен