СДСМ: Нема 600 евра за работниците, но има за авиони и луксуз

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) ја обвини Владата дека го одбила предлогот за зголемување на минималната плата на 600 евра, додека истовремено продолжува со, како што велат, луксузни и непродуктивни трошоци.

Од партијата посочуваат дека во услови на зголемени трошоци за живот и раст на цените, илјадници работници едвај ги покриваат основните потреби. Според СДСМ, наместо поддршка за граѓаните со ниски примања, власта избрала да троши буџетски средства за авиони, скапи набавки и раскошни трошоци.

„Нема 600 евра за работниците, но има за авиони и луксуз“, наведуваат од СДСМ, оценувајќи дека ваквата одлука е удар врз животниот стандард на граѓаните.

Партијата бара итен ребаланс на Буџетот и пренамена на средствата кон зголемување на минималната плата, со цел да се ублажи економскиот притисок врз домаќинствата.

Зачлени се на нашиот е-билтен