Анкара бара објаснување за иранската ракета кон Турција откако НАТО ја собори

By Ministerio de Relaciones Exteriores from Perú - Visita del Presidente de Turquía a la Cancillería del Perú, CC BY-SA 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=84624873
By Ministerio de Relaciones Exteriores from Perú – Visita del Presidente de Turquía a la Cancillería del Perú, CC BY-SA 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=84624873

Иранска ракета кон Турција, детектирана како се движи кон турскиот воздушен простор откако прелетала над Ирак и Сирија, била пресретната и уништена од сојузничките системи на НАТО над источниот Медитеран во среда, 4 март 2026, по што Анкара го повикала иранскиот амбасадор на разговори за официјален протест и „сериозна загриженост“.

Според турското Министерство за одбрана, станувало збор за балистичка муниција лансирана од Иран, која била ангажирана „навреме“ од капацитетите за воздушна и ракетна одбрана распоредени во регионот, при што не биле пријавени жртви. Дел од остатоците, според извештаи на меѓународни агенции, паднале во близина на јужната провинција Хатај.

Дипломатски извори во Анкара наведуваат дека иранскиот амбасадор бил повикан во турското Министерство за надворешни работи за да се пренесе протестот и да се побара разјаснување за инцидентот, додека турските власти паралелно сигнализираат дека ќе ја координираат реакцијата со НАТО и со клучните сојузници.

Во најновиот апдејт што кружи во европските медиуми, турски официјален извор за странска агенција тврди дека Турција „не била цел“ и дека ракетата можеби била насочена кон база во грчки Кипар, но „отстапила од курс“, што дополнително ја отвора дилемата дали станува збор за намерна порака кон НАТО-територија или за опасна навигациска/оперативна грешка во услови на регионална ескалација.

НАТО, преку портпарол, јавно го осуди „насочувањето“ кон Турција и изрази солидарност со сојузникот, додека од Анкара засега нема сигнал дека се оди кон формално активирање на посилни механизми во рамките на Алијансата, туку кон дипломатски притисок и консултации на повеќе канали.

Зачлени се на нашиот е-билтен