„Лидл“ продолжува со експанзија во Скопје: Нов маркет со 1.500 м² продажен простор ќе се гради во Гази Баба

„Лидл“ вториот продажен објект

Германскиот трговски синџир „Лидл“ продолжува со проширување на својата мрежа во Македонија, а нов маркет е планиран во скопската општина Гази Баба. Објектот ќе се гради на улицата „Благоја Стефковски“ и ќе биде дел од стратегијата на компанијата за постепено отворање на повеќе продажни локации во земјата. 

Според најавите, новиот објект ќе се протега на површина од околу 2.500 квадратни метри, од кои околу 1.500 квадратни метри ќе бидат продажен простор. За посетителите ќе бидат обезбедени и околу 130 паркинг места, што треба да овозможи полесен пристап и поголема удобност за купувачите. 

Маркетот ќе биде изграден според современи стандарди за функционалност и енергетска ефикасност, со посебен фокус на одржливост и уредување на просторот. Во проектот е предвидено и зеленило, кое ќе ги надмине законски пропишаните 20 проценти за вакви инвестиции. 

Влезот на „Лидл“ на македонскиот пазар се очекува да донесе поголема конкуренција во секторот на малопродажбата, како и нови можности за домашните производители и добавувачи. Компанијата веќе работи на повеќе инвестиции и логистички капацитети во земјата како дел од долгорочниот план за развој на мрежата на маркети. 

Зачлени се на нашиот е-билтен