Почина Кирил Поп Христов – Кили, бунтовникот што го сакаа сите

Кили

Почина Кирил Поп Христов – Кили, македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец, бунтовникот што го сакаат сите.

Кили починал на 58 годишна возраст, на Еквадор каде што живееше долги години. Таму се пресели во 2014 година.

Христов дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсегот Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година. Од 1993 година, Христов е во Македонски народен театар во Скопје.

Највпечатливи се неговите улоги во Тетовирање, Македонска сага, Пикасо, Трст виа Скопје…

Роден е во Скопје на 30 јули 1967 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен