СДСМ: Со Мицкоски на чело, македонската економија пропаѓа

СДСМ

Со Мицкоски на чело на Владата македонската економија пропаѓа, порачаа утрово од опозициската СДСМ, реферирајќи на податокот за пад индустриското производство за 9,4% во јануари годинава во споредба со истиот период минатата година.

„Дополнително податоците од Народната банка покажуваат драматичен пад на странските директни инвестиции од 61%. Странските инвестиции во 2025 година се намалени за огромни 729 милиони евра во споредба со 2024 година.

Овие бројки го покажуваат дебаклот на политиките на Мицкоски во економијата.

Затворени погони, намалено производство и изгубени работни места. Веќе се бележи и намалување на бројот на работници во индустријата, што директно удира врз животниот стандард на граѓаните.  Долговите на граѓаните и компаниите кај банките постојано расте и сега изнесува 9,1 милијарди евра“ се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека наместо мерки ВМРО-ДПМНЕ кој бележи пад во рејтингот прави нов дефокус.

„Со дефокус не се решаваат проблемите во економијата, со дефокус не се отвораат нови работни места, дефокус не ги полни фрижидерите на граѓаните. Дефокусот не може да го поправи историски најнискиот рејтинг на ВМРО.

СДСМ предупредува дека ваквите катастрофални економски политики ќе ја продлабочат кризата и ќе го влошат животниот стандард на граѓаните.

Наместо дефокус, и наместо да шета по прослави на ЕПП, Христијан Мицкоски да свика вонредна седница на Владата и нешто да преземе. Потребни се итни мерки за стабилизација на економијата, поддршка на стандардот на граѓаните, намалување на цените и помош на индустријата која тоне“ стои во партиското соопштение.

Зачлени се на нашиот е-билтен