Веќе три недели цените на горивата растат поради кризата на блискиот Исток а Владата на Мицкоски не презема ништо, порача на прес-конференција членката на ИО на СДСМ, Симона Цветановски.
Таа посочи дека спиралата на раст на цените на храната веќе започнала.
„По маркетите се започнати поскапувањата, маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм, основните производи стануваат луксуз.
Се најавува и ново покачување на цените на горивата. Потоа и да се стабилизираат цените на светските берзи цените во маркетите нема да се намалат. Поскапувањата се силен удар врз стандардот на народот“ изјави Цветановски.
Според неа, 4,5 милиони евра повеќе, ги чини македонските граѓани ова, какко што кажа, намерно игнорирање на владата.
„Македонската економија со Мицкоски тоне, индустриското производство има пад од 9,4%, странските инвестиции се намалени за 61%. Се намалува бројот на вработени, се отпуштаат македонски работници за „економски работници”.
Власта одби и да ја покачи минималната плата на 600 евра, оставајќи ги работниците сами да се справуваат со кризата.
Сега не презема никакви мерки за да им помогне на граѓаните.
Сите влади во регионот веќе од прв ден преземаа мерки, само на владата на Мицкоски свесно не прави ништо. Очигледно намерно.
Кој профитира? Бизнис мрежата на Мицкоски? Со што ВМРО ќе го храни народот? Со дефокус, национализам и лажен патриотизам?
Како што лажеа за името, сега им ги мачкаат очите на граѓаните дека сме четврта економија. Дали фрижидерите на граѓаните ја гледаат таа „четврта економија”?
Владата мора итно да ги прифати мерките на СДСМ. Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%. Намалување на акцизата за 4 денари по литар. Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи. Преполовување на цените на патарините“ порача членката на ИО на СДСМ.
