Откако поради војната во Иран и нападите во Персискиот залив се случи енормно покачување на нафтата а со тоа и на горивата во Македонија, Владата конечно се сети да преземе вонредни економски мерки.
Од Илинденска за утре најавуваат презентација на мерките што треба да го ублажат ценовниот шок.
„Иако земјава има убедливо најевтини горива во регионот, се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените на дизелот и на бенизините. Заради тоа, Владата утре во 12 часот ќе има седница на која ќе се донесат вонредни мерки за борба против високите цени на бензините со кои ќе се ублажи ценовниот скок, велат од Владата.
Инаку, во изминатиот период владите во Србија, Хрватска, Црна Гора, но и на Шпанија и Италија донесоа мерки со кои се намалуваат акцизите за горива со цел да се заштити стандардот на граѓаните.
Во Македонија за помалку од 10 дена, дизел горивото поскапе за 21 денар и тоа сега се продава по цена од 92 денари за литар.
