Посетата на италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани на Србија беше откажана во последен момент утрово, непосредно пред полетувањето на неговиот авион од Рим.
Дипломатски извори велат дека ова е многу невообичаена ситуација за однапред договорени посети, особено затоа што српскиот протокол веќе го чекал Тајани на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Точната причина за откажувањето сè уште не е позната, објавува Н1 .
Одложена средбата со Вучиќ
Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ издаде кратко соопштение во кое се наведува дека најавената средба се одложува.
„Најавената средба меѓу претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и вицепремиерот и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија, Антонио Тајани, која требаше да се одржи денес, 1 април 2026 година, е одложена. Новиот датум на средбата ќе биде објавен подоцна“, се вели во соопштението. Средбата беше закажана да се одржи денес во 11:15 часот во Палатата на Србија.