Владата на Христијан Мицкоски задоцни со мерките и граѓаните ги остави сами, порачаа од СДСМ додавајќи дека сега дошло до тоа тој да почне да прифаќа дел од нивните мерки.
„Цел месец помина, цените поскапеа, животниот стандард драматично опадна, лебот, зејтинот, јајцата, брашното, млекото, месото, овошјето, зеленчукот доматите, се е поскапено.
Горивата исто така драстично пораснаа, што дополнително ги крева сите останати цени.
Ако мерките на СДСМ беа веднаш, навреме прифатени, немаше да има ценовен шок.
Граѓаните ја платија цената затоа што Мицкоски штитеше бизнис интереси наместо да им излезе во пресрет на граѓаните. Празни џебови и празни фрижидери, тоа е реалноста денеска. Мицкоски нема капацитет а нема ниту знаење“ велат од СДСМ.
Од опозициската партиј бараат, наместо половични, дел по дел прифаќање на мерките, како што велат, Мицкоски да ги прифати сите мерки на СДСМ во интерес на граѓаните.
„Укинување на ДДВ за основни прехранбени производи, намалување на ДДВ за горива на 5%, намалување на акцизите за горива, намалување на цените на патарините, зголемување на државните резерви на нафта“ наведуваат од СДСМ.