Голем пожар во Тирана: најмалку 11 повредени во станбен комплекс

Голем пожар во Тирана зафати станбено-деловен комплекс, при што најмалку 11 лица се повредени, а десетици жители беа евакуирани, додека пожарникарите со часови се бореа со огнената стихија за да го стават под контрола, јавуваат повеќе регионални медиуми. 

Пожарот избувнал во комплексот „Арлис“, каде огнот брзо се проширил од пониските кон повисоките катови, предизвикувајќи паника меѓу станарите и голема материјална штета. 

Во гаснењето учествувале повеќе од 50 пожарникари, како и дополнителни служби и припадници на армијата, кои успеале да го локализираат пожарот и да спречат негово ширење на околните згради. 

Според здравствените власти, најмалку 11 лица се повредени, од кои дел се задржани на лекување поради вдишување чад, а една жена е хоспитализирана со изгореници, но не се наоѓа во животна опасност. 

Меѓу повредените има и пожарникари, што укажува на интензитетот на интервенцијата, додека причините за избувнувањето на пожарот засега не се официјално утврдени и истрагата е во тек.

Зачлени се на нашиот е-билтен