Според Канцеларијата на Народниот правобранител на Украина, се верува дека околу 14.578 деца биле депортирани од Украина во Русија од почетокот на целосната инвазија.
Русија ги крши основните принципи за заштита на децата во време на војна со тоа што на украинските деца им дава руски пасоши и ги става на посвојување, изјави шефот на Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР), Филипо Гранди во интервју за Ројтерс.
Говорејќи во канцелариите на УНХЦР во Кијив по шестдневната турнеја низ Украина, Филипо Гранди рече дека претседателот Володимир Зеленски побарал од неговата агенција „да направи повеќе“ за да им помогне на децата од окупираните региони на кои тоа им се случува.
Да им се даде (руска) националност или нивното посвојување е спротивно на основните принципи за заштита на децата во ситуации на војна, рече Гранди.
Според него, она што сега се случува во Русија „не смее да се случи“.
Гранди рече дека неговата агенција не може да го процени бројот на деца на кои им биле дадени пасоши или ставени на посвојување, бидејќи пристапот во Русија е исклучително ограничен.
Ние бараме пристап цело време, а пристапот беше прилично редок, спорадичен и не неограничен, рече тој.
Според Канцеларијата на Народниот правобранител на Украина, се верува дека околу 14.578 деца биле депортирани од Украина во Русија од почетокот на целосната инвазија.
Гранди истакна два потенцијални идни трендови во кризата со раселување во Украина, во која осум милиони луѓе избегаа во странство, а уште неколку милиони станаа внатрешно раселени.
Повеќе бегалци би можеле да се вратат во топлата сезона, како што се случи во 2022 година кога агенцијата набљудуваше „стотици илјади“ повратници на крајот на летото – иако тоа движење беше запрено со почетокот на студот.
Типично ледената зима во Украина беше уште позаострена оваа година со руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура, што доведе до прекини на струја, вода и топлина.
„Видовме дека приливите значително се намалуваат, долго или кратко, во зимските месеци … заедно со многу благ пораст со заминувањето на луѓето од земјата“, рече тој.
Гранди, исто така, предупреди дека и зголемувањето на борбите може да предизвика нов бран бегалци, иако тие најверојатно ќе бидат главно внатрешни.
„Она што го видовме во последните неколку дена не е многу ветувачко во овој поглед, сите предвидуваат дека ќе има пораст на непријателствата, ескалација… и тоа веројатно ќе генерира поголемо раселување“истакна Гранди.
Подготви: Д. Мишев (Извор: ЦивилМедиа)