Кога јутјуберот Стефонатор во својот подкаст Полиграф го праша дали се смета за најголемата музичка ѕвезда во Македонија, Слаткаристика без двоумење одговори: „Не.“ Наместо да ја користи шансата за себепромоција, тој посочува на цела генерација уметници кои за него се репер.
„Има многу музички ѕвезди. Еден Кирил Џајковски, една Калиопи, Каролина, Влатко, Владо Јаневски… има едно 10 минимум пред да замислам дека јас можам да застанам во тој ред,“ вели тој. Додава дека мисли оти „не е ни на пола пат“ и дека не е фер да се става себеси во било каков контекст „најголем“.
Во истото гостување, Слаткар говори и за тоа со кого би, а со кого не би направил дует. За еден артист вели дека му бил симпатичен, но откако видел изјава во која тој зборува за Калиопи на начин што му се „згадил“, решил дека не може да биде дел од таква комбинација. „Калиопи е нашето најголемо благо,“ објаснува, додавајќи дека не сака да биде дел од „спој со некој што пробува да ја намали вредноста на таа наша величина“.
Во неколку одговори, без многу врева, Слаткар ја црта својата позиција: уметник кој се гледа како дел од сцена со многу големи имиња, не како нејзин центар. Се дистанцира од идејата за „најголем“, нагласувајќи дека неговата кариера не е „ни блиску“ до најголема. Наместо тоа, го става акцентот на почитта – особено кон тие што за него се симбол на македонската музика.
