Горивата може да поевтинат следната недела

Србија

Цените на бензинот и дизелот може да бидат намалени следната недела, најави премиерот Христијан Мицкоски, повикувајќи се на движењата на цените на светските берзи. Конечната одлука за новите малопродажни цени ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика.

Мицкоски рече дека Владата ги следи берзанските движења и очекува тие да донесат пониски цени на дизелот и бензинот во Македонија. Во исто време, Владата преговара со „Окта“ за дополнителен попуст на нафтените деривати.

Според актуелните цени на РКЕ, ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по најмногу 100 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 102 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ по 100 денари за литар.

Колкаво би било евентуалното поевтинување засега не е познато.

Пониските цени на горивата, сепак, имаат и директно влијание врз државниот Буџет. Мицкоски најави дека во текот на октомври ќе биде потребен нов ребаланс поради намалените приходи од акцизите и ДДВ за горивата.

Според владините проценки, само од акцизата може да недостигаат околу пет милијарди денари, а заедно со намалените приходи од ДДВ, буџетскиот кусок по оваа основа би можел да достигне од седум до осум милијарди денари.

Премиерот рече дека оваа сума не може да се покрие само со прераспределба на буџетските средства, поради што ќе биде потребен формален ребаланс.

Тој истовремено тврди дека државата има доволно резерви и обезбедени договори со снабдувачите најмалку до Нова година.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?