Руски напад врз товарен брод кај Одеса, еден загинат и тројца повредени

Украинските

Еден морнар загина, а тројца членови на екипажот се повредени во руски напад врз товарен брод во Одеската област, соопшти украинската Управа за морски пристаништа.

Бродот пловел под либериско знаме, а по нападот 13 членови на екипажот биле евакуирани на безбедно. Засега не се објавени националностите на загинатиот и повредените.

Украинските власти соопштија дека нападот бил извршен врз цивилен товарен брод во едно од пристаништата во Одеската област и го оценија како уште еден удар врз комерцијалната пловидба во Црното Море.

Руското Министерство за одбрана, пак, тврди дека нападнатиот брод превезувал воени материјали. За ова тврдење засега нема независна потврда.

Нападот се случува во период на зголемен ризик за трговскиот сообраќај во Црното Море. Во последните недели беа регистрирани повеќе напади врз бродови и пристанишна инфраструктура во јужна Украина.

На 17 септември беше погоден цивилен брод под знамето на Танзанија, при што загина капетанот, а тројца членови на екипажот беа повредени. Неколку дена подоцна беше погоден и друг товарен брод во регионот.

Украинските власти предупредуваат дека нападите врз пристаништата и бродовите дополнително ги загрозуваат транспортните рути преку кои земјата извезува жито, метал и други производи.

По повлекувањето на Русија од договорот за извоз на жито преку Црното Море во 2023 година, Украина воспостави сопствен поморски коридор, кој и понатаму функционира, но под зголемен безбедносен ризик.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?