Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кањонот Матка ќе се прогласи за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го усвои Предлогот на законот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата.

-Со конечното усвојување, после долг период на усогласување, постигнат е консензус во интерес на заштита на ова уникатно национално природно богатство, вели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Со донесувањето на Законот, ќе се овозможи не само заштита на природните вредности, разновидноста на биодиверзитетот, туку и ќе се создадат нови можности за одржливо управување и развој на овој еко-систем. 

Зачлени се на нашиот е-билтен