Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ФОТО) Искуства на наши земјоделци – Боне Спасовски одгледува ран компир под фолија

Боне Спасовски од село Виничани, Општина Градско, веќе трета година сади ран компир под фолија. Семето што го користи се увезува од Холандија. Потребно е да се изберат сорти на компир со покуса вегетација од 55 до 65 дена.

При изборот на сортата пожелно е земјоделецот да се консултира со стручно лице бидејќи на пазарот се нудат разни сорти по квалитет и вегетација на зреење. Изборот на сортата е еден од важните фактори за остварување на висок принос.

За да се остварат високи приноси од раните сорти на компир, земјоделците треба да применуваат соодветна модерна технологија и норми на ѓубрива и наводнување. Како важна агротехничка мерка количествата на ѓубре имаат за цел да обезбедат доволно хранливи материи за остварување високи приноси.

Почвата се подотвува во текот на есента, кога се врши орање, фрезирање, пред браздењето се става основно ѓубре Јара на 100 квадрати 15 килограми, а во системот капка по капка се додава кристално ѓубре. Најважно е компирот да биде нагрнат што повеќе, објаснува Боне.

Најоптимален рок за садење на рано производство на компирот е кога температурата на почвата изнесува 7-8 степени Целзиусови. Во пластениците компирот може двојно да се заштити со употреба на втора фолија или Агрил, која со голем успех го заштитува раниот компир без ризици за измрзнување. Во врска со густината на садењето на компирот во пластеници се препорачува густина (60х30 = 51.000 растение по хектар).

Ѓубривата се применуваат на три начини, со заорување, пред сеидба со прихранување и прихранување со наводнување капка по капка. Количествата на комплексните ѓубрива се движат од 800 до 1000 кг по хектар. Раниот компир бара ѓубрива во одделни елементи кои се лесно растворливи во зависност од типот на земјиштето.

Недостатокот на вода негативно влијае на приносот и квалитетот на клубените.
Доколку се задоцни со наводнувањето, можат да се јават несакани појави: израстоци на клубените, пукање на клубените по површината и внатрешно пукање.

Боне, кој вади по 600 килограми компир на фолија има обезбеден пласман и е задоволен од продажбата на раниот компир. Планира да подигне и нов лозов насад на надморска висина од 430 метри, на 17 декари ќе посади 5500 прачки увезени од Италија, кои ги набавил за 84 денари прачка.

Извор: Агротим

Најново