Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски – Новак: На Европа и е потребна Северна Македонија

ремиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со претседателката на Унгарија, Каталин Новак, која е во посета на земјава. На состанокот, како што информираат од Владата, било изразено очекување дека оваа посета ќе даде поттик за интензивирање на билатералните односи помеѓу двете држави, посебно што ова е прва посета на унгарски претседател на Северна Македонија во последниве 20 години.-Пренесена е јасна порака дека нашата држава може да смета на натамошната поддршка од Унгарија во европските интеграции. Оценето е дека Република Северна Македонија ѝ е потребна на Европската Унија, во делот на безбедноста и стабилноста, и како држава којашто практикува европски вредности, и чијашто култура е посебна и европска и ќе го збогати европското семејство на народи, држави и култури, се вели во денешното соопштение од Владата.    

На средбата заеднички било оценето дека европските интеграции на Северна Македонија во Европската Унија се од национално и од стратешко значење, за нашата држава, но и за целиот Западен Балкан и на Европа и затоа е потребен фокус на сите политички субјекти во државата, кон реализацијата на оваа цел.

Премиерот Ковачевски се заблагодарил за гласната поддршка на Унгарија за европските перспективи на Северна Македонија, како и за поддршката на проширувањето на ЕУ, како најважна стратешка политика на Европската Унија.

Тој нагласил дека за Северна Македонија, зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан е еден од врвните надворешно-политички приоритети на земјата и дека Владата е цврсто посветена на дијалогот како механизам за решавање на какви било отворени прашања. Посочил и на определеноста на Владата кон спроведување на реформите, што се одвива паралелно со тековното справување со предизвиците од глобалната економско-енергетска криза.

Во однос на претседавањето со ОБСЕ, премиерот Ковачевски изразил уверување дека Северна Македонија ќе придонесе во стабилноста и безбедноста на Европа, во контекст на актуелните случувања поради војната во Украина, при што државата е поставена стопроцентно на линија на надворешните политики на ЕУ.

На средбата е оценето дека Северна Македонија и Унгарија имаат добра соработка како НАТО членки, дека се бележи економската соработка со нагорен тренд, како и дека се гледаат можности за натамошен развој на трговските односи, инвестициите, енергетиката, образованието.

Премиерот Ковачевски изрази благодарност до унгарската претседателка Новак, за донациите и за споделената хуманитарна помош од Унгарија за време на пандемијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен