Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фон дер Лајен: Да ја комплетираме Унијата со 30+ членки како најдобра инвестиција во мирот, безбедноста и просперитет за нашиот континент

Фон дер Лајен повика да се отфрлат скепсите за проширувањето и потсети дека слична била ситуацијата и во пресрет на големото проширување од пред 20 години кое беше наречено – Европски ден на добредојде. Како триумф на решителноста и надежта над товарот од минатото и тогаш видовме економска успешна приказна која го подобри животот на милиони. Сакам да се радуваме на следниот Европски ден на добредојде и на следниот економски успех приказни, нагласи фон дер Лајен.

Зоран БОЈАРОВСКИ

„Да ја комплетираме Унијата со 30+ членки како најдобра инвестиција во мирот, безбедноста и просперитет за нашиот континент“, поентираше во своето традиционално обраќање за состојбата во ЕУ, претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.

Без разлика на тоа аналитичарите во Брисел се поделија на оние кои овој говор на фон дер Лајен го оценија како проштален и на оние како нејзина најава за втора кандидатура на функцијата претседател на ЕК, она што е многу позначајно што таа најави стратегија за брзо следно проширување на ЕУ како еден од најважните приоритети штом зазеде прилично голем простор во нејзиниот говор во Европскиот Парламент.

„Историјата сега не повикува да работиме на комплетирање на нашата Унија. Во свет каде што некои се обидуваат да ги одберат земјите една по една, ние не можеме да си дозволиме да ги напуштиме нашите Европејците зад себе. Во свет каде големината и тежината се важни, јасно е дека е во стратешки и безбедносни интереси на Европа ја комплетираме нашата Унија“, истакна претседателката на ЕК во својот говор пред европарламентарците.

Фон дер Лајен ги повика парламентарците да ја поддржат визијата за успешно проширување и за комплетна ЕУ со над 500 милиони луѓе кои живеат во слободна, демократска и просперитетна Унија.

Таа најави дека следува процес со кој ќе започне тесна соработка меѓу земјите-членки со земјите кандидати за да се идентификуваат факторите кои ќе влијаат на напредокот во прилагодување на стандардите на ЕУ, бидејќи, како што рече таа, сепак, успехот на овој процес ќе го дефинираат заслугите на секоја земја одделно.

Таа повика да бидат отфрлени скепсите за проширувањето и потсети дека слична била ситуацијата и во пресрет на големото проширување од пред 20 години кое беше наречено – Европски ден на добредојде.

„И тоа беше триумф на решителноста и надежта над товарот од минатото. И тогаш видовме економска успешна приказна која го подобри животот на милиони. Сакам да се радуваме на следниот Европски ден на добредојде и на следните приказни за економски успех“, нагласи фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК уште повика да се надминат застарените бинарни дебати за проширувањето и повика на ова прашање да се гледа како на прашање кое може да ги надмине разликите дали ЕУ треба да се продлабочи, реферирајќи на францускиот предлог за Европа со повеќе брзини, или да се прошири со нови членки со еднакви права со постоечките.

„Не станува збор за продлабочување на интеграцијата или проширување на Унијата. Можеме и мораме да ги направиме и двете. Да ни ја даде геополитичката тежина и капацитетот за дејствување. Тоа е она што нашата Унија отсекогаш го правела. Секој бран на проширување доаѓа со политичко продлабочување“, укажа фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК во својот говор инсистираше на тоа дека е можно брзо подготвување на  Унијата за следното проширување и дека во пресрет на секое претходно проширување сите оние што беа против се покажа дека не беа во право.

„Ова се прашања што мора да ги решиме денес ако сакаме да бидеме подготвени за утре. И Комисијата ќе ја одигра својата улога. Ова е причината зошто ние ќе ги изнесеме нашите идеи пред лидерите под белгиското Претседателство. Водени сме од уверувањето дека комплетирањето на нашата Унија е најдобрата инвестиција во мирот, безбедноста и просперитет за нашиот континент. Време е Европа уште еднаш да размисли големо и да си ја напише сопствената судбина“, потенцираше претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен во традиционално годишниот говор за состојбите во Унијата во Европскиот Парламент.

Зачлени се на нашиот е-билтен